Супер викенд за љубителите на ракометот во Струга. Сениорките на ЖРК „Стружанка“ денеска играат со ЖРК „Деспина“ од Прилеп, а младинките на ЖРК „Стружанка“ во недела се сретнуваат со ЖРК „Шампион “ од Скопје.
Двата натпревари ќе бидат одиграни во сопортската сала „Нико Нестор“ во Струга, со почеток од 15;00 часот.
Во машка конкуренција натпреварите се играат на гостински терен. Денеска со почеток во 18;30 часот, РК Струга игра со РК Пролет, а утре младинците на РК Струга ќе се сретнат со „Шампион“ (РК „Работнички“). Натпреварот се игра во Скопје со почеток од 19:00 часот.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари