Започна изградбата на канализацијата во Франгово

- Локални
789

Вчера започнаа градежните работи за канализација во селото Фрaнгово

-По завршувањето на сите подготвителни активности на проектот, вчера започнаа работите за канализационата мрежа во с. Фрaнгово. Во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги финансирани од ЕУ и Светската Банка, Министерството за финансии во соработка со Општина Струга обезбеди средства за реализација на проектот за канализација во селото Франгово, во вредност од 16,8 милион денари, од кои ЕУ обезбеди 14,2 милиони денари и Општина Струга 2,5 милиони денари.-информираат од Општина Струга.

Градоначалникот на Oпштина Струга, г. Рамис Мерко, заедно со заменик-министерката за финансии г-ѓа. Ширете Елези од блиску ги следеа работите и го инаугурира проектот.
Градоначалникот Мерко, исто така, побара соработка од жителите на овој дел за да нема пречки во реализацијата на проектот.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари