Денеска во 18:00 часот во спортскиот центар „Тими“ во Струга, во рамките на Супер-лигата ќе се одигра натпреварот помеѓу РК Струга и РК Борец.
Бидете дел од публиката и со аплаузи изразете ја својата поддршка за нашите ракометари и мотивирајте ги да стигнат до нова победа.
Инаку, што се однесува до денешните ракометни натпревари, пионерите на РК Струга постигнаа убедлива победа над тимот на РК „Сани“ со резултат 8:27.
Утре, со почеток во 13:30 часот младинците на РК Струга спортски ќе се пресметаат со РК Металург Јуниор.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари