Екипата на ЖРК Стружанка на гостински терен загуби од тимот на ЖРК Спартак со резултат 31:22. Почетокот на натпреварот беше во полза на нашите ракометарки кои на одмор заминаа со два гола позитива (14:12). Во второто полувреме ракометарките на „Стружанка“ доживеаа криза во играта , а домаќинките тоа максимално го искористија. Тие успеаа да стигнат и до +9, и токму со таа голема разлика и го добија овој натпревар.
Најефикасна во нашите редови беше Натали Јоноска која постигна девет гола.
СПАРТАК – СТРУЖАНКА 31:22 (12:14)
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
СПАРТАК: Сандева, Јовановска, Андонова, Николовска 5, Андова, Велкова 4, Младеновска, Стефановска 5, Трајковска 4, Ангеловска, Србиновска 2, Арсовска, Цветановска 1, Иванова 5, Величковска 5, Домазетоска.
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.
СТРУЖАНКА: Митоска, Јовичинац 1, Дурацоска 4, Домазетоска, Јоноска 9, Затуроска, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска 3, Делиоска 5.
Седмерци: 5/6, Исклучувања.8 мин.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари