AМСМ: На „Стража“ задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири) за сите моторни возила

- Македонија
645

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег по коловозите.

– Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата. На планинскиот премин Стража задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири) за сите моторни возила. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Извор: АМСМ

Фото: архива

Facebook Коментари