Изложбата „100 години од Македонскиот фронт“ денеска и утре во Струга

- Локални
786

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (фоаје), денеска и утре во период  од 10:00 до 13:00 часот, ќе биде поставена изложбата „100 години од Македонскиот фронт – Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ .


Изложбата е со патувачки карактер и е во организација на АНИМ – Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија, ќе биде изложена во Завод Музеј на град Битола, Музеј на град Прилеп, Порта Македонија во Скопје, а за подоцна се планирани и други градови ширум Република Македонија.

Влезот е слободен.

Strugaonline

 

Facebook Коментари