Македонија вечерва ја пречекува селекцијата на Гибралтар – последно коло од Лигата на нации

- Спорт
769

Во рамките на последното, шесто коло од Лигата на нации, вечерва со почеток во 20 часот и 45 минути Македонската фудбалска репрезентација на домашен терен игра против селекцијата  на Гибралтар. Maкедонија е апсолутен фаворит на овој натпревар посебно откако претходно убедливо ја победи екипата на Гибралтар со 0:2.

 Во групата „4“ во Лига „Д“ од Лигата на нации, Македонија е прва во својата конкуренција со 12 бода, а потоа следуваат Ерменија со 9, Гибралтар со 6 и Лихтенштајн со 3 бодови.

Вечерашниот натпревар ќе се игра на „Националната Арена Филип Втори“

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари