Лев банер Десен банер

Koсово е противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нации

Фудбалската селекција на Косово ќе биде првиот противник на Македонија во борбата за историски пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2020 година.

Првото место во својата група, Косово го обезбеди со победа над Азербејџан со резултат 4:0, а со тоа и пласман во баражот во Лигата на Нации.

Полуфиналниот натпревар во март следната година нашите фудбалери ќе го играат на домашен терен. Во другото полуфинале ќе играат екипите на Грузија и Белорусија.

Пласман на Европското првенство ќе обезбеди победникот од Ф4 турнирот.

Strugaonline

фото: архива

 

error: