ЗА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ АЛБАНСКИТЕ ЗНАМИЊА СЕ ВЕЕА САМО КРАТКО БЕЗ МАКЕДОНСКИТЕ

- Локални
1102

По повод  28-ми ноември, Денот на Aлбанското знаме, во Струга осамнаа албанските знамиња како гест за одбележување,  од ВМРО-ДПМНЕ –Струга реагираа алудирајќи на тоа дека македонските знамиња ги нема, а Струга е мултиетнички град.

Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.

Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?

За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?

За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит.“ – стоеше во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Kратко после добиената реакција, новинарите од редакцијата на Strugaonline излегоа на терен и оправдано, од прва рака, можеме да констатираме дека македонски знамиња беа поставени, исто како и албанските.

На оваа тема Телевизија 24 објави и објаснување од Општина Струга во кое се вели: Албанските знамиња кои осамнаа во Струга во пресрет на денот на Албанското знаме се вееа само кратко време без македонските тврдат од Општината. Велат дека дале наредба да се постават по две знамиња на сите локации, но во недостиг на македонски, нарачката на нови задоцнила па од утрото до попладнето се вееле само албанските.

Инаку, соживотот во Струга е тема на која сите општествени чинители обрнуваат многу внимание, секојдневно се развиваат пријателства помеѓу македонското и албанското население, а на оваа тема често се одржуваат и предавања, се промовираат видеа каде токму Струга е пример за соживот и почитување на различни етникуми.

Извор: Strugaonline/Телевизија 24

 

Facebook Коментари