МЈП Проаква Струга: Ќе го решиме проблемот со водата како што сме ги решиле и другите наследени проблеми

- Локални
1049

Заматеноста на водата за пиење во Струга предизвика многу реакции од јавноста. МЈП „Проаква“, од друга страна излезе со соопштение во кое ги објаснува причините за настанатиот проблем.

Во изминатиот период подолго време немаше врнежи па затоа и нивото на водата во изворите и во резерварите падна на критична точка. Во изминатите две недели оваа ситуација се промени каде што сме сведоци дека имаше огромни количини на дожд и со ова и огромни количини на вода која излегуваше од изворите директно во резерварите со голема сила, која предизвика физичка заматеност на водата и не ни остави простор за реакција и превенција за да не се случи ова. Ова заматеност не е поради нехлорирање или нетретирање на водата туку едноставно природен процес низ кој поминува нашата вода и кој се случил многу пати низ годините во вакви ситуации на голем дожд после голема суша.
Нашите екипи веќе се на терен и постојано работат да ja симнат оваa заматеност на нула за да нема никаква пречка граѓаните да ја користат нашата вода за сите нивни потреби. Водата е постојано хлорирана и квалитетно одржувана во сите критични и некритични точки и ситуацијата ќе се доведе во нормала во најбрз можен рок. – стои во соопштението.
Од МЈП Проаква бараат разбирање од граѓаните и велат дека  24 часовно работат  и се борат со човечкиот и природниот фактор за да обезбедат  чиста и квалитетна вода.

Strugaonline

Facebook Коментари