Се наближуваат Новогодишните празници, период кога Охрид и Струга, а воедно и хотелите, рестораните, кафулињата, маркетите., се очекува да ги посетат голем број туристи и гости. Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето, Центарот за јавно здравје-Охрид ги потсетува сите угостители, сопственици на угостителски објекти и маркети на законската обврска за навремено вршење на:
– здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци)
– дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).
„Во интерес на заштита на здравјето на населението,а воеднo и во Ваш интерес, Ви стоиме на располагање за обавување на горенаведените услуги и Ве очекуваме во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга, секој работен ден од 7:30 – 14:00 ч.“ – информираат од Центарот за јавно здравје.
Strugaonline
Facebook Коментари