Најтоплиот новогодишен подарок – секоја EXIT влезница ве води и на морските фестивали!

- Забава
891

Во пресрет на празниците, EXIT ја започна големата новогодишна акција, во која со купување на влезница за EXIT Фестивал по промотивната цена од 3.580 денари, како подарок добивате и влезници за морските фестивали во организација на EXIT тимот, Sea Star фестивалот, кој на 24-ти и 25-ти мај ќе биде одржан во Умаг, како и Sea Dance фестивалот кој на крајот на август ќе биде одржан на плажата Буљарица во Будва! Условот за стекнување со влезница за најсончевите Exit-ови фестивали е регистрирањето во периодот од 1-ви до 28-ми февруари  на сајтот  www.exitfest.org, со што се потврдува присуството на фестивалите. Регистрацијата важи за сите постоечки, досегашни купувачи, како и оние кои влезниците за EXIT 2019 ќе ги купат до истек на акцијата! Во празничниот дух, EXIT на некои од купувачите ќе им подари и сместување и превоз за две лица за Sea Star и Sea Dance фестивалите!

Влезниците за EXIT фестивал достапни се во Македонија преку продажната мрежа на МкТикетс. Во продажба е и многу ограничен број туристички пакети за EXIT фестивал со 65% попуст, веќе од 69 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалниот туристички сервис на EXIT фестивал, може да се одбере и друг тип на сметстување, во хотели и хостели. Повеќе информации на exittrip.org.

EXIT фестивал ќе биде одржан од 4-ти до 7-ми јули 2019-та на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а веќе се потврдени и првите изведувачи, меѓу кои се рок гигантите The Cure, највпечатливиот рокенрол бенд на денешницата Greta Van Fleet, водечкиот светски диџејски тандем Dimitri Vegas&Like Mike, славниот фронтмен на „Пантера“ – Phil Anselmo со својот бенд The Illegals кој ќе изведе редок сет сочинет исклучиво од песните на Pantera, њујоршкиот тандем кој го совои светот Sofi Tukker, неповторливата оперска метал дива и некогашна пејачка на групата Nightwish – Tarja, култниот ска состав The Selecter, како и гитарските херои, Arcturus, Entombed A.D, Peter and the Test Tube Babes и Total Chaos.

По гигантскиот фестивалски потфат EXIT Freedom во 2018-та година кој собра повеќе од  355.000 луѓе во пет земји во регионов, EXIT Tribe во 2019-та ќе опфати 6 фестивали на 6 локации во пет различни држави ширум регионот: EXIT во Нови Сад, Festival 84 на Јахорина, Sea Star во Умаг, Revolution во Темишвар, Sea Dance во Будва и No Sleep во Белград. Наскоро ќе бидат објавени датумите за сите фестивали, но и нови изведувачи за EXIT, како и првите изведувачи за останатите фестивали од големото семејство EXIT Tribe 2019.

Strugaonline

Facebook Коментари