21-ви декември е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница

- Македонија
613

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2018 година (петок), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.

Извор: МТСП

Facebook Коментари