„Пливање спротиводно“ е новата книга на стружанецот Ненад Јолдески

- Локални, Македонија
1194

Издавачката куќа „Или Или“ информира дека од денеска во продожба е новата книга од стружанецот  Ненад Јолдески насловена „Пливање спротиводно“.

„Романот со години седеше сокриен во мене како јагула запретана во тиња. На крајот таа чудесена риба си го најде местото и во книгата. Романот инаку ја следи приказната на Артемида која од Њујорк се враќа во Струга за да ја расветли својата сопствена приказна.“ – вели Јолдески.

Авторот на две книги раскази (Штамата на Енхалон, 2009 и Секој со своето езеро, 2012) и добитник на Европската награда за книжевност (2016) овој пат се јавува со еден кус роман или новела, за која во поговорот Катица Ќулавкова напиша:

„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои го сигнализираат нескриено присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.

 

Strugaonline

фото: „Или Или“

Facebook Коментари