Презентација за решавање на проблемот со реката Сатеска денеска во Струга

- Локални
725

Во рaмките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” , УНДП организира презентација на реализираните и активностите кои се планирани да се спроведат во наредниот период за решавање на проблемот со река Сатеска.

Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 12:00 часот во салата на Советот на Општина Струга. На презентацијата можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Реката Сатеска се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро, каде се влеваат големи количини нанос и отпад. Во септември годинава беше најавено дека за да се спречи натамошното загадување, се подговува проект за враќање на Сатеска во старото речно корито, негово проширување, чистење и одржување.

Strugaonline

 

Facebook Коментари