Денеска започнува филмскиот „Фестивал на тркала“ во Струга

- Локални
705

Во рамките на „Фестивалот на тркала – (Festival on Wheels)“, од денеска до 22-ри декември 2018 г, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се извршат проекции на филмови од најновата европска кинематографија. Сите љубители на филмската уметност ќе имаат можност да уживаат во квалитетни филмски остварувања од различни продукции од Швајцарија, Германија, и Италија. Влезот е бесплатен.

Распоред на филмовите кои ќе бидат прикажани:
20.12.2018 (17:00ч.) – Принцот на криминалот (The Prince of Crime)
(19:00ч.) – Планинско чудо: неочекувано пријателство
21.12.2018 (17:00ч.) – Темна судбина (Dark Fortune)
(19:00ч.) – Хитлеров Холивуд (HITLERS’S HOLLYWOOD)
22.12.2108 (19:00ч.) – Голијат (Goliath).

Принцот на криминалот (The Prince of Crime)
Филмот “Принцот на криминалот” е вистинска приказна за еден од најмоќните италијански кланови. Растот и падот на кланот Камора во Неапол, преку очите на криминалниот шеф и неговото семејство. Триесет години од животот на човекот, триесет години во историјата на еден од најубавите и контроверзни градови на Земјата: Неапол.
Приказна за Камора, одмазда и жалење: двојниот живот на Марчело Кавани, роден во обично мало семејство во близина на Неапол. По ненадејната смрт на неговиот татко, Марчело се придружува кон Камора по стапките на Џенаро, неговиот постар брат. Марчело е елегантен, страстен млад човек кој ја сака конкуренцијата. Тој се вљубува во Розарија, тврдоглава девојка, а сепак едноставна и правична. Тие се венчаат: Марчело е посветен и вљубен сопруг, беспрекорен семеен човек. Сепак, надвор од неговото семејство, неговиот друг живот како член на Камора полека, но постојано стигнува до точката без враќање. Дали дојде време да плати за сето она што нелегално го стекна?

.Планинско чудо: неочекувано пријателство
Девојка која се бори со астма е однесена во клиника во Јужен Тирол за да се излечи. По некое време таа одлучува да излезе од овој пекол (така се чувствува за тоа) и наскоро ќе запознае нов пријател. Заедно се обидуваат да го искачат врвот на една планина каде, според стар обичај, таа може да се излечи.

Темна судбина (Dark Fortune)
Доцна во ноќта, психологот Елиан Хес е повикана покрај болничкиот кревет на 8-годишниот Ив. Момчето е единствениот член на семејството што ја преживеало сообраќајната несреќа. Елиан е ужасната и фасцинирана од судбината на момчето. Се развива невидлива врска помеѓу нив, границите помеѓу приватниот и професионалниот живот почнуваат да избледуваат.
Врз база на романот „Темна судбина“ на Лукас Хартман, филмот ни кажува нежна, многу необична приказна за припаѓањето и љубовта, истражувајќи го прашањето за вината и невиноста и илустрирајќи ја бестрашната храброст да се соочиме со сопствената судбина.

Хитлеров Холивуд (HITLERS’S HOLLYWOOD)
Филмот ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино. Киното на Третиот Рајх било строго цензурирана индустрија и во исто време копнеело да прерасне германска фабрика за соништа. Меѓу другото, го продуцира и нацистичкиот блокбастер „Минхојзен“, по барање на Јозеф Гебелс. Оваа индустрија го возпоставува системот на ѕвезди во филмскиот свет и се служи со најновите маркетинг алатки.Околу 1000 играни филмови биле произведени во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а само неколку биле отворено нацистички пропагандни филмови. Во филмот ги гледаме овие филмови и луѓето зад нив. Како преку екраните успеале да бидат засадени во главите на гледачите стереотипите на „непријателот“ и вредностите за љубовта и омразата.

Голијат (Goliath)
„Голијат“ е швајцарска драма со времетраење од 85 минути. Во главната улога е Свен Шелкер, познат по улогата во „Кругот“, швајцарски кандидат за „Оскар“ во 2015, филм за кој ја доби и Швајцарската филмска награда за најдобар актер истата година. Играат и Јасна Фрици Бауер, Адриан Фурер, Хозе Барос.

Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.

Strugaonline

 

Facebook Коментари