Распишан е конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

- Локални
1125

Културниот центар „БРАН“ и ревијата за книжевност “БРАНУВАЊА“ од Струга по деветти пат го распишуваат востановениот Конкурс за наградите  „Крсте Чачански“, за необјавена збирка на кратки раскази, и „Јован Котески“, за необјавена поетска збирка.

Пропозиции: Расказите односно песните да не се објавувани Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма; Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови;  Ракописите да се испраќаат по електронски пат, со назнака за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2019 година на Е-маил: [email protected]   [email protected]

Две тричлени жирија составени од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите, на фестивалот, СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ 2019, што ќе се одржи во почетокот на месец јули 2019 година, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

Редакцијата на ревијата „Бранувања“ го задржува правото да врши публикување на одделни раскази и песни, од наградените и пристигнатите трудови, во ревијата.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Васил Тоциновски, Зоран Пејковски, Стефан Марковски, Зоран Јакимоски, Владимир Плавевски и Елена Пренџова.

Strugaonline

Facebook Коментари