Ново поевтинување на горивата во Македонија

- Македонија
745

Од полноќ поефтиниваат горивата во Македонија.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар.

Така,  новите цени соодветно се 61,63, 58 и 46,50 денари за литар.

Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари