Иван Хаџиев, истакнат пензионер-спортист, добитник на златен медал во табла

- Локални
975

Во „семејството“ на ЗП Струга припаѓа и стружанецот Иван Хаџиев-легенда на фудбалот ,а сега посветен и  на салонската игра табла. Од самото пензионирање, тој активно се вклучува во органите на ЗП Струга каде сега моментално ја извршува функцијата  претседател на комисијата за спорт.

Како пензионер има учествувано на општински, како и на пет  републички натпревари во табла и ги има освоено првите места. Пет пати Републички првак, а на 17 -тите пензионерски спортски игри кои се одржаа во Визбегово, Иван Хаџиев освои прво место и  се закити со златен медал.

Во Струга, по име и презиме не го знаат сите, но познат е по прекарот „Шеки“.

Тој е познат на спортската јавност во Струга, особено во фудбалот во периодот 1961 до 1967 година кога  бил еден од врвните фудбалери на ФК„Караорман“ кога клубот бил во својата најголема експанзија и кога постигнувал најдобри резултати во Македонската фусбалска лига.Тогаш играл во најсилната генерација на струшките фудбалери. Иако беше дојден на школување од Кавадарци во Струга,тој беше прифатен како стружанец и таков остана, се ожени, оформи прекрасно семејство и за Струга остана легенда.

Покрај фудбалот, кој му беше на прво место, и таблата му беше омилена. Хаџиев со задоволство се присетува на многу моменти од спортскиот живот ,но најмногу кога бил прогласен за победник во дисциплината „табла“ на спортските игри што се одржаа во Визбегово на 17 –тите пензионерски спортски игри.

„Убаво е да се биде победник и да се освои златен медал, за мене тоа беше врвен успех бидејќи бев единствениот од спортската екипа на Здружението на пензионерите од Струга што освои прво место.“ – вели Хаџиев кој има желба да учествува и на пензионерската олимпијада.

„За моите успеси не сум заслужен само јас лично, заслужен  е и претседателот на ЗП-Струга , Милорад Трпоски, кој секогаш ми излегува во пресрет за барањата што се однесуваат на спортот-  заклучи Хаџиев.

Tекст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари