Денеска ќе биде избран В.Д. градоначалник на Охрид

- Локални
779

Претседателот на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, за денеска со почеток во 11:00 часот ја закажа 22-та седница на Градскиот совет.

Единствена точка на дневен ред е избор на вршител на должноста Градоначалник на општина Охрид, а седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

Изборот на вршител на должност градоначалник на Охрид доаѓа по ненадејната смрт на проф. д-р Јован Стојаноски, кој околу една година ја вршеше должноста градоначалник на Охрид.

извор: Општина Охрид

фото: архива

Facebook Коментари