Градоначалникот Мерко доби орден за придонес во консолидација на мирот, стабилноста и борбата против тероризмот во Балканскиот регион

- Локални
717

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко одржа состанок со поранешниот градоначалник на Општина Корча, Г-дин Деонис Котмило.

Целта на состанокот беше доделување на орденот на градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко од страна на Европскиот Комесар Д. Аврамопулос за неговиот придонес во консолидација на мирот, стабилноста и борбата против тероризмот во Балканскиот регион.

“Поранешниот  градоначалник на Општина Корча,  г. Деонис Котмило како овластено лице од Европската Унија во тек на разговорот ја презентираше  идејата за организирање на самитот ,, Еуро Балкански Регион,, составен од градовите Струга, Охрид, Битола, Корча и Поградец, со финасирање од ЕУ, каде овие пет градови ќе се развиваат и ќе се движат без бариери исто како во зоната на ЕУ, која ќе се иницира од страна на градоначалникот на Општина Струга.’ – информираат од струшката општина.

Градоначалникот Мерко истакна дека на овој начин се добива уште поголема мотивација за работа.

„Со работа не се губи, со работа само се победува.“ – истакна Мерко

Присутните ги поздрави и Преседателот на Советот, г. Ресул Каба,  кој рече дека треба многу труд за реализација на овој самит, но каде што има волја од сите страни, реализацијата е полесна и поизводлива.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари