Навивачката група „Паткари“ со новогодишни пакетчиња за лицата од „Порака Нова“

- Локални
1012

Членовите на навивачката група „Паткари“ -Струга организираа посета на Центарот за лица со интелектуална попреченост “Порака Нова” во Струга и ги изненадија со новогодишни подароци.

„Наша цел беше да пренесеме насмевки и радост затоа што сите сме исти сите заслужуваме исто. При посетата беа поделени новогодишни пакетчиња како наш мал гест за нивна голема радост. Ние сме Паткари Струга и овде не застануваме, нашите хумани акции ќе продолжат и наредната година.“ – велат од струшката навивачка група.

Strugaonline

 

Facebook Коментари