Владата размислува за одземање на дел од надлежностите на Охрид и Струга од крајбрежниот појас на езерото

- Локални
790

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.

– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.

Тој додаде дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари