Време: Облачно со врнежи од дожд и снег

- Македонија
693

Денеска претпладне во Македонија  ќе има врнежи од дожд и снег и на пониските места, пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладневните часови постепено ќе престануваат. Утринските температури ќе се движат во интервал од -2 до 0 степени, а максималните дневни од 6 до 8 степени. Утре ќе преовладува облачно време со врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари