Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Гласна музика, семејно насилство

На 30.07.2025 во 15:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир. Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека била надмината дозволената јачина. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.07.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.М.(33) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: