Влада на РМ: На 6-ти февруари нашата земја ќе добие согласност за членство во НАТО

- Македонија
700

Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари,амбасадорите  на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет,ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.-информираат од Владата на РМ

Во соопштението од владината прес служба стои дека со овој чин, 29-те земји членки ќеја изразат својата согласностнашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.

„Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификуваПротоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.

Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име,  ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот.“- стои во соопштението од Владата на Република Маоедонија.

Извор: Влада на РМ

Facebook Коментари