КЛ7 Струга со победа ја отвори пролетната полусезона

- Локални, Спорт
755

Младинците на КЛ7 Струга во првиот натпревар во новата година успееa да слават против екипата на РК Бутел со резултат 26:36.

На почетокот се играше гол за гол се до 18та. минута кога КЛ7 Струга успеа да се одели со четири голови предност и истата предност не само што ја задржа туку и да ја зголеми за мирен финиш на првото полувреме со 12:19.

Второто полувреме, момците на Матлиески го продолжија во ист ритам и дојдоа до максимални 16:28. Тоа беше убава можност за неколку пионери да влезат во игра и да се запишат во листата на стрелците и да ги постават конечните 26:36

Одличен на голот на КЛ7 Струга беше Петрески Митко кој со неколку одбрани во серија не дозволи противникот да се врати во игра, додека Симоноски со осум погодоци беше најдобар стрелец.

Извор и фото: Кl7.mk

 

Facebook Коментари