Три случаи на физички напади во Охрид
На 30.07.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Григор Прличев” во Охрид., Ј.П. од Охрид физички го нападнал Г.К.(67) од Охрид, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2026 во 23:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека во ноќен клуб во комплексот Инекс, едно лице физички ја нападнало М.Ш.(24) од Белгија. Се работи на расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2026 во 03:20 часот на бул.„Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Л.Н.(20) и Л.С.(18), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ноќен клуб на булеварот, а потоа и на бензинска станица физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет. Физичкиот напад врз малолетникот во СВР Охрид бил пријавен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, а по консултации со јавен обвинител, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

