УХМР: Времето денес променливо облачно и претежно тивко

- Македонија
595

сончево

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува променливо облачно и претежно тивко време. Во крајниот јужен дел,  односно во Претор има повремен слаб снег.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно и претежно тивко.  По одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Во текот на денот ќе има намалување на облачноста особено во северните делови на  земјава.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини. В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата  на воздухот ќе има тенденција на пораст.

Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Facebook Коментари