Почна екстерното тестирање на матурантите

- Македонија
652

ученици

Од денес до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите. Државниот испитен центар соопшти дека ќе бидат опфатени ученици во завршни години во средното образование.

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017. Учениците кои ќе имаат приговор, ќе можат да се обратат писмено до испитниот центар.

Facebook Коментари