Лев банер Десен банер

Собирна хуманитарна акција по повод „Недела на солидарност“ во Струга

На 15ти овој месец започна Неделата на солидарност во чии рамки Општинските организации на Црвен крст низ Македонија, вклучувајќи ја и ОО на Црвен крст-Струга, спроведуваат активности под мотото „Вашиот прилог, значајна помош“.
Хуманитарната акција во Струга, Црвен крст ја спроведува во соработка со основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито.“
Средствата се собираат „од куќа во куќа“ и истите ќе бидат наменети за помош на стари лица и лица со посебни потребни во рурални средини. Неделата на солидарност трае до 21-ви април.
Strugaonline

error: