Време: Облачно и нестабилно со дожд и грмежи

- Македонија
610

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со врнежи од дожд кои локалнo ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег.Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени. Утре ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари