Хуманитарна изложба на уметникот Александар Илиевски денеска во Охрид

- Локални
651

Денеска  со почеток во 18:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии. „Свети Апостол Павле“ Охрид ќе биде поставена првата самостојна изложба на Александар Илиевски на која има работено последните четири години. Изложбата носи наслов „Биди вода“ .

На овај настан се поканети сите луѓе кои се хумани и се љубители на уметноста и технологија.

Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на човековата природа и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалиптика, научна фантастика, романтика. И истиот принт од нив ќе може да се купи на лице место .

На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот, за кои сите средства од самолепливите сликички ќе бидат наменети за донација за Мила и Мартин.

Strugaonline

Facebook Коментари