Бесплатно советување за заштита од компјутерски напади во петок во Струга

- Локални
754

Во денешното деловно опкружување се соочуваме со се’ почести компјутерски напади и загуби на дигитални податоци. Тоа за некои фирми доведува до огромни финансиски проблеми па дури и крај на нивното работење. Поради ваквите случаи со бизнисите во регионот, тимот на Општина Струга организира бесплатно советување за тоа како да се заштитите од ваквите напади.
Двочасовното советување ќе се одржи  10.05.2019 во 14:00 часот во салата на Советот на Општина Струга. Поканети се сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се едуцираат на оваа тема.

Strugaonline

Facebook Коментари