Поетски записи на струшкиот поет Петко Шипинкароски се објавени во познато црногорско списание

Во најновиот број на црногорското книжевно списание „Неказано“, со поетски записи застапени се македонските поети Даниела Андоновска Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска и Петко Шипинкаровски.

Уредник на списанието „Неказано“ е црногорскиот писател Лабуд Н. Лончар, а препевите се на Борче Панов, Снежана Алексиќ Станојловиќ и Виолета Пачевски.
По овој повод, Ревијата „Брнувања“ од Струга им упати искрено честитки на македонските поети и благодарност до списанието „Неказано“ за поддршката.
Strugaonline

