Дванаесет ученици oд Струга добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик

- Локални
1580

Денеска  во просториите на СОУ  „Нико Нестор” -Струга, со поддршка од „ГЛАМ Македонија“  се отвори нов „Вики клуб “.

Дванаесет ученици од прва и втора година добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик. Секој од нив направи своја статија со која го потврди интересот за корисен волонтеризам.

Одговорната професорка за овој лкуб,  Нела Најдоска Василевска, изјави дека е задоволна од интересот на учениците и смета дека оваа бројка на ученици ќе се зголемува односно интересот на учениците во иднина ќе расте уште повеќе.

Координаторот на Вики клубот Охрид, Наташа Неданоска, истакна дека ваквиот тип на професионална и меѓуученичка соработка е повеќе од потребна.

Учениците од двата клуба меѓусебно се обучуваа, се дружеа и уредуваа.Одговорните за овој „Вики клуб“ потенцираат дека корисноста од ваквите настани има долгорочни придобивки на повеќе нивоа.

Strugaonline

 

Facebook Коментари