Денеска ќе преовладува променливо облачно време, од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 26 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари