Екипите на ЈП „Комунално“-Струга, од секторот паркови и зеленило деновиве започнаа со работни активности: машинско косење на тревата на повеќе локации во градот. Активностите ќе траат неколку денови, а за реализација на истите се користи специјално возило.
„Во моментов се косат тревните површини на ул Туристичка и ул Ристо Крле, при што откосениот материјал ќе бидет отстранет и транспортиран на депонија . Потоа акцијата ќе продолжи и на други локации во градот.“ -информираат од претпријатието.
Strugaonline
Facebook Коментари