Преземeте ја апликацијата Мој ДДВ и остварете го правото за поврат на 15% од платениот ДДВ

- Македонија
1291

Од денеска фискалните сметки веќе нема да претставуваат парче хартија коешто ќе ги потсетува граѓаните само на парите коишто ги потрошиле, туку и на парите коишто ќе им се вратат. Започнува Поврат на 15 % ДДВ кај граѓаните”

Апликацијата МојДДВ е достапна за преземање преку следниот линк МојДДВ.-информираат од Владата на Република Северна Македонија. 

„Сите вие кои сте регистрирани на системот е-Персонален данок, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.“ – информираат од Владата. 

Граѓаните кои не се регистрирани, треба да се регистрираат на е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

Strugaonline

Facebook Коментари