Aнсамблот „Танец“ на 5-ти јули во Охрид ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри

- Локални
939

Aнсамблот „Танец“ на 5-ти јули на Долни Сарај свечено ќе го отвори 58-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.


Со целовечерен концерт на магичната сцена покрај Охридското езеро, ансамблот „Танец“ ќе настапи на свеченото отворање на овогодишниот Балкански фестивал на народни песни и игри. Ова не е прв настап на „Танец“ на овој познат фестивал, но е ексклузивен и посебен заради чествувањето на јубилејната година на ансамблот, дел од сезоната којашто се одвива под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“.

За годинава е најавена богата програма што вклучува настапи на ансамбли и културно – уметнички друштва од нашата земја како и од  Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Почетокот на настапите ќе биде од 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

Оваа година, Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе трае до 8-ми јули.
Инаку, Охрид уште од далечната 1962 година е домаќин на денес, една од најстарите и најреномирани културни манифестаци од овој вид кај нас и во Европа. Низ овие 58 години низ неговата програма продефилирале илјадници учесници, а целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе, размена на искуства, дружење на Балканските земји и негување на фолклорните богатства на различните народи.

Strugaonline

Facebook Коментари