Во сабота во Струга ќе се реализира проектот „Раздримување- колективна игра“

- Локални
681

Во сабота, 10-ти август, во организација на „ДримОН“ во Струга ќе се реализира проектот  „Раздримување- колективна игра“.

„Раздримување- колективна игра“ е колаборативен проект на пет визуелни уметници, кои користејќи локални материјали интервенираат во простор. Интерес на уметничкиот процес ќе биде третманот на природното светстко наследство како на глобално, така и на локално рамниште.
Учесници се: Милко Нестороски, Сали Ертунч, Викторија Попоска, Филип Велковски и  Горан Ристовски.

Почетокот е закажан за 21:00 часот на локација објект „Синема“-кафе.

Strugaonline

 

Facebook Коментари