Трет ден од 47то издание на Меѓународниот турнир „Струга 2019“

- Локални, Спорт
794

Во третиот ден од четириесет и седмото издание на Меѓународниот турнир „Струга 2019“ во 18:30 часот се одигра натпреварот помеѓу екипите на Ескилстуна Гуиф и Бутел, каде одиграа нерешено со резултат 25:25. Поради подобрата гол разлика Ескилстуна Гуиф денес ќе игра за третото место.

Во 21:30 часот, се одигра вториот натпревар помеѓу екипите на Еурофарм Работник и РК Струга, тимот на Алушоски беше далеку подобар од домаќинот РК Струга со резултат 30:20. Во финалето денеска на четириесет и седмото издание на Меѓународниот турнир „Струга 2019“ ќе играат Еурофарм Работник против А.Е.К. Атина.

StrugaOnline

Facebook Коментари