Вардар со победата над ППД Загреб (25:20) е повторно на врвот во групата во Лигата на Шампиони

- Спорт
836

На четири кола до крај на групната фаза од лигата на шампионите Вардар повторно е лидер во групата по триумфот од 25-20 (14-8) против ППД Загреб. Сега Вардар има 14 бода, исто колку и Кјелце но „црвено-црните” имаат подобра вкупна гол разлика.

Ова e седма победа за Вардар сезонава, а вкупно 38 во лигата на шампионите. Им вратија вардарци на загребчани за поразот во есенскиот дел од сезоната кога на гостувањето загубивме со 27-28. Овојпат бодовите беа уште поважни.

Остануваме во игра за првото место во групата што води директно во четвртфиналето на ЛШ. Тоа сега е главната цел на екипата, со што ќе ги избегнат осминафиналните средби, и ќе добијат повеќе време за подготвување за дуелите во Топ-8 и би биле првата македонска екипа на која и успеало четири сезони по ред да биде во Топ-8 фазата.

Во следното коло Вардар гостува кај ПИК Сегед, меч што треба да ни ја отвори вратата кон директен пласман во  четвртфиналето.

 

Facebook Коментари