Љубовта и виното зачинете ги со музика. Нова песна и спот на Анита Мицова

- Музика
1039

Денот на виното и љубовта не може да помине без музика, токму затоа Анита Мицова на четиринаесетти февруари во Mr.I, ќе ја промовира својата нова песна ,,Биди добар”. Оваа тема всушност е најава за нејзиниот студиски албум ,,Ти сум јас”, носач на звук кој се очекува својата промоција да ја доживее во март оваа година.

Музиката и текстот на „Биди добар“ се  авторско дело на Весна Малинова Бамбова, аранжман на Кирил Бамбов, како инструменталист се јавува и Ратко Даутоски. Видео записот за новата песна на Анита го изработи  Даниел Јовески.

Весна Малинова Бамбова и Кирил Бамбов се потпишуваат на сите теми од албумот, што значи дека Мицова работи со проверен тим кој носи хитови.

 

 

 

 

Facebook Коментари