Претпладне на истокот сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 36 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност, а долж Повардарието со повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари