СОУ „Нико Нестор” со нов иглед и нови услови во оваа учебна година

- Локални
2337

СОУ „Нико Нестор” ја започна новата учебна година со нов изглед и со нови соодветни услови за учениците во ова училиште. Во петокот, после посетата на СОУ „Ибрахим Темо,” шефот за образование г. Дашмир Насуфи заедно со дирекоторт на ЈП “„Проаква” Јетон Шаќири, и неколку советници, го посетија и СОУ „Нико Нестор” за да извршат увид во градежните работи за реконструкција на некои од просториите.

Новата учебна година 2019-2020 за учениците на СОУ “Нико Нестор” како што објасни дирекотрот на училиштето Миле Попоски, започна со нови целосно реконструирани тоалети, пластифицирани подови во неколку учелници, хол и ходници, и нови врати во неколку кабинети.

Исто така, има четриесет нови компјутери, четири смарт табли, геодетски инструменти, скенери, фотокопири и други помагала и училишен материјал потребни за учениците на оваа училиште.

Освен тоа, вреди да се напомене дека се поставени соларни панели за потребите на електрична енергија на училиштето, и секако изградбата на училишна спортска сала која е во завршна фаза.

„Градоначалникот Мерко продолжува да ги поддржува училиштата на Општина Струга.“-велат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари