Министерството за животна средина и просторно планирање го објави Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион, со кој се дефинираат и прецизираат заложбите за строга контрола на урбанизацијата на регионот и негова заштита.
Планот е изготвен согласно препораките на УНЕСКО и ќе ги уредува насоките за идно спроведување на какви било градежни активности во просторот околу езерото.
Целосниот план е достапен за граѓаните ОВДЕ
Од Владата на Република Северна Македонија пред три дена информираа дека планот наскоро ќе биде отворен за јавна дебата, а ќе биде испратен на увид и до УНЕСКО.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари