Лев банер Десен банер

УХМР: Времето денес сончево и релативно топло

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и релативно топло. Ќе дува умерен, а вдолж јужното Повардарие и во источните делови  повремено засилен  северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од  8 до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.

error: