10 хотели и згради на Доналд Трамп

- Занимливо
633

Веќе знаете дека Доналд Трамп е многу успешен бизнисмен, а „некои“ од парите ги заработил и во хотелиерството и развојот на недвижнини. Ајде да ги погледнеме неговите хотели и згради, кои спаѓаат во светските туристички атракции…

„Trump Tower“, Њујорк

Оваа зграда има 58 ката, се наоѓа на Петтата авенија на Менхетн. Тука се сместени главните канцеларии на Трамп, а исто така тука било седиштето и на неговата претседателска кампања. Кулата ја дизајнирал американскиот архитект Дер Скат, а изградена е во 1983 година.

„Trump International Hotel and Tower“, Чикаго

Фирмата “Skidmore, Owings i Merrill” (SOK) ја добила задачата да ја дизајнира оваа 423.4 метри висока зграда во рамките на делот “Chicago River”. Трамп првобитно најавил дека ова ќе биде највисоката зграда во светот, но плановите се промениле по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

„Trump Ocean Club“, Панама Сити

Колумбиската фирма “Arias Serna Saravia” стои зад единствениот латино-американски проект на Трамп. Оваа зграда е изградена во 2011 година. Нејзината форма е како јадро и вклучува 369 хотелски соби и 700 апартмани, а освен тоа има и приватен клуб на плажа.

„Trump Towers“, Истанбул

Првата кула на Трамп која е изградена во Европа е всушност соединет пар – една е деловна зграда, а другата е станбена зграда која содржи повеќе од 200 станови. Покрај нив има трговски центар и мултиплекс кино кои ги поврзуваат.

„Trump International Hotel and Tower“, Торонто

Овој облакодер кој е висок 277 метри го претставува вториот највисок облакодер во Канада. Го дизајнирала фирмата “Zeidler Partnership Architects” и се наоѓа во финансиската област на Торонто. Зградата има 260 луксузни хотелски соби и 109 апартмани (станови).

„Trump World Tower“, Њујорк

Затемнетите бронзени стакла ја прекриваат оваа станбена зграда со злокобен изглед која се наоѓа на источната страна од Менхетн. Зградата има 72 ката и е проект на архитектот Костас Кондилис. Завршена е во 2001 година и тука се снимени сцени за крими драмата од 2007 година “Before the Devil Knows You’re Dead”.

„Trump International Hotel“, Лас Вегас

Пустината Невада ја рефлектира златната фасада на хотелот и апартманска зграда. Со своите 200 метри таа е највисоката зграда во градот. Требало да добие близначка во 2008 година, но тој проект и понатаму е на чекање.

„Trump Towers“, Sunny Isles Beach

Овие три идентични кули се наоѓаат рамо до рамо покрај брегот на морето во Флорида во одмаралиштето Sunny Isles Beach, северно од Мајами. Зградите имаат заоблени балкони исечени од белата фасада, бидејќи планот бил да гледаат истовремено во три правци.

„Trump SoHo“, Њујорк

Оваа зграда има 46 ката, обложена е со двострани огледала, се наоѓа во рамките на дистриктот Сохо на Менхетен. Означени како хотелски апартмани, овие единици не можат да бидат закупени од страна на иста личност повеќе од 29 дена во период од 36 дена, односно повеќе од 120 дена во годината.

„Trump Tower“, Манила

Станбената зграда која според планот треба да биде завршена оваа година во рамките на “Century City” во Макати во Манила, ќе стане една од највисоките згради на Филипините.

Facebook Коментари