Лев банер Десен банер

Граѓанската иницијатива „Доста“ предлага организрање Новогодишен пазар во Струга

Граѓанската иницијатива „Доста“ поднесе иницијатива до Општина Струга, за организирање на Новогодишен пазар.

Идејата за ваков новогодишен пазар е превземена по примерот на новогодишните пазари кои се организираат во западно-европските метрополи, а во последно време и во некои градови во Р. Македонија, во размер кој одговара на градот Струга.

„Очекуваме градоначалникот и советот на градот да покажат ентузијазам и да излезат во пресрет на потребите на жителите на Општина Струга. Сметаме дека на овој начин ќе се збогати новогодишната понуда на градот и ќе може да се привлечат туристи и во овој дел од годината. Ве повикуваме како јавност да се приклучите кон оваа иницијатива и со ваш придонес да издејствуваме реализација на оваа иницијатива.“ – велат од „Доста“.

Од таму додаваат дека оваа иницијатива произлегува од желбата во Струга да се случуваат повеќе настани од културно-забавна област.

Strugaonline

error: